Ужас во Велес – дете претепано со тешки скршеници оставено да смрзнува на улица

Велешани во саботата околу 13 часот, зад Ликовниот салон, близу Ловното друштво на улицата Алексо Демниевски Бауман во Велес забележале дете кое со тешки повреди и премрзнато било оставено да лежи на земја.

Како што дознава „Фокус”, станува збор за момче на возраст од 12 години, со тешки повреди, отворена рана на брадата и скршеница на долна вилица. Момчето е во шок и не може да зборува.

Настанот бил пријавен во СВР Велес, а детето со тешки телесни повреди било пренесено во Општата болница Велес.

Advertisements

Поради специфичните повреди детето било префрлено на Детската клиника во Скопје. Околу тоа што се случило со детето, кој и зошто му нанел тешки повреди, а потоа го оставил да смрзнува среде улица, и колку време било момчето ставено таму да лежи, се уште нема информации.

Велешката полиција го потврдила настанот, и велат дека се работи на негово расчистување.