Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 264 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возач почетник, соопштуваат од МВР.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за возење под дејство на алкохол, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.