Лидерот на ДУИ Али Ахмети денeска во Чегране, како што јави ТВ 21, го коментирал незадоволството на „огнените“ и во контекст на изјавата на неговиот сопартиец Изет Меџити дека „поради една болва не се гори јорганот“ му одговорил на Меџити со уште една народна мудрост.
„За една болва не се кршат ќерамидите на куќата, ниту се урива покривот на куќата“, рекол Ахмети.
Меџити кога ја искажа досетката за јоргнот и болвата алудираше на вицепремиерот Артан Груби.
На партискиот собир на ДУИ во Чегране Ахмети и се обрати и на опозицијата и му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не сонува дека ќе направи 61 пратеник со Левица.
„Длабоко сум убеден и верувам во дефинирањето на главните политички партии, кои имаат прозападна ориентација. ВМРО-ДПМНЕ греши ако мисли дека со Левица ќе направи мнозинство со 61 пратеник и да ја марганилизира ДУИ, наводно нивната единствена пречка. Прават многу грешки и нека не сонуваат за такво нешто“, рече Ахмети.