Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ упати апел до лидерот на ДУИ Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски за средба со Мицкоски, бидејќи како што рече мора да се најде начин Македонија да излезе од оваа политичка криза во која се наоѓа.
„Димитар Ковачевски треба да се охрабри и да се одважи и да прифати тет-а-тет средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски затоа што тое е единствениот пат да се излезе од политичката криза која ја создоа СДС и ДУИ. Ковачевски не треба да се плаши и треба да побара одобрување од Али Ахмети. Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што по неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација“, порача Ковачки.