(ВИДЕО) Априлски снег во Македонија – на ова место вечерва вее

Како што и најавија метеоролозите, Македонија вечерва ја зафатија врнежи од дожд, кои на повисоките места полека преминуваат во снег.

Од Националниот парк Маврово вечерва на Фејсбук објавија дека интензивно вее снег, воедно изразувајќи очекување дека доколку врнежите продолжат во текот на целата ноќ, до утре да има 20 сантиметри снежна покривка.

Врнежите од снег во Маврово може да се забележат и на видео кое е објавено на „Јутјуб“.

Advertisements