(ВИДЕО) Чеботарева -Николова: СДСМ ги зголеми платите за 55% на наставниците, ветувањата на ДПМНЕ се празни и нереални

За разлика од празните и нереални ветувања на ДПМНЕ за само одредена категорија наставен кадар, Владата предводена од СДСМ потпиша колективен договор со УКИМ, а во следниот период и со останатите Универзитети за зголемување на платите, изјави на прес-конференција, Ксенија Чеботарева -Николова, членка на Комисија за образование и наука на СДСМ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата на Чеботарева -Николова:

„Минатата недела се донесоа и измени на законот за високото образование со кои се уредува платата на вработените во јавните високообразовни установи.

Advertisements

СДСМ за шест години овозможи зголемување на платите за 55 % на наставниците и за првпат по речиси 20 години конечно наставниците добија регрес за годишен одмор, кој од следната година ќе биде 30% од просечната плата.

Фактичката состојба покажува дека политиките на СДСМ успешно се спроведуваат и низ училиштата има повеќе од 250 наставници кои се стекнале со звање наставник-ментор.

СДСМ го укина екстерното тестирање и ја намали административната работа на наставниците оставајќи простор за нивна автономија во организација и реализација на наставниот час и времето поминато во училиште.

Овозможивме и развивање на професионалните компетенции на разни теми кои се од големо значење за унапредување на квалитетот на образовниот процес.

Веќе од оваа 2024 година СДСМ реализира отворање на 5 Регионални центри за средно стручно образование и тоа во Струмица, Велес, Охрид, Куманово и Тетово. Во перидоот до 2025 година истите ќе бидат комплетно опремени за целосно и непречено функционирање.

СДСМ веќе има обезбедено студетски стипендии и истите неколкупати беа зголемени во изминатиот период.

Особено повисоки стипендии се доделуваат на студентите кои се запишале на дефицитарните наставнички факултети.

Само во академската 2023/2024, се доделени 30 стипендии за студенти запишани на студиски програми за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, 500 стипендии за студенти на студиски програми на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки, 130 стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика.

За истата академска година се распиша конкурс за доделување на 1740 стипендии за редовни студенти од социјални категории запишани на додипломски студии на јавните универзитети и високообразовни установи.

Почитувани, ВМРО тврди дека образованието е „урнисано“, а всушност ги признава успешните политики на СДСМ.

И, да, овде не застануваме. Наши партнери секогаш ќе бидат наставниците, бидејќи тие се носители на образовниот процес.

Тука сме за да создадеме уште попомудри политики што ќе го опфатат целокупниот образовен систем“, порача Чеботарева Николова.