(ВИДЕО) Д-р Гавриловска Брзанов: Со едно „ДА“ ќе оставиме дел од себе којшто ќе продолжи да живее

Во рамки на националната кампања под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!”, научниот соработник Александар Гавриловска Брзанов, заменик национален координатор за трансплантација, упатува силна порака за поддршка на органодарителството.

– Со едно „Да“ можеме да спасиме повеќе човечки животи – органодарителството не е само медицински чин, туку и морална и етичка одговорност на секој поединец.

Трансплантацијата на органи им овозможува на примателите да не се зависни од фамилиите, да придонесуваат во заедницата и да го менуваат општеството на подобро, посочува д-р Гавриловска Брзанов, упатувајќи посебна благодарност до семејствата, кои во најтешките моменти на болка и загуба, одлучиле да ги донираат органите на своите блиски, покажувајќи исклучителна емпатија и хуманост.

Министерството за здравство во рамки на националната кампања за унапредување на органодарителството продолжува со активности за подигнување на свесноста кај граѓаните да се изјаснат како органодонори и со тоа да остават дел од себе кој ќе продолжи да живее.