(ВИДЕО) „Да инвестираме во вистинска слобода, благосостојба и соживот“ – Дафина Стојаноска повика на обединување

Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова,изјави Дафина Стојаноска, носителка на листа во шестката.

„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат и во вториот круг. Имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме „како до сега“, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, порача Стојаноска.