(ВИДЕО) Демолиран студентскиот дом „Стив Наумов“ – „Ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество“

Расфрлано стакло, пластични шишиња, ѓубре, искршени хидранти и керамичка санитарија, е сликата по завчерашното славење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој а може да се види на снимка која е објавена и се споделува на социјалната мрежа Твитер.

„Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество.

Наместо мек снег на првото утро од 2023 да ми крцка под нозе, јас добив крцкање од срчи“, стои во описот на објавеното видео.