(ВИДЕО) Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба

За две и пол години од мандатот, единствен резултат на градоначалникот Бобан Стефковски се партиските вработувања и непотизмот во општината. Потрошени се 26 милиони денари односно, над 450.000 евра за времени вработувања, изјави Александар Саша Димитријевиќ, координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Гази Баба.

„Минимум 12 милиони денари или близу 200.000 евра е планирано да се одлеат од џебот на граѓаните само за оваа 2024 година.

Верувале или не, за две ипол години дури 650.000 евра за вдомување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Со овие средства на најмладите ќе им обезбедеше 4 нови градинки,проблемот со паркирањето и сообраќајниот хаос во Автомоманда ќе беше уште оддамна минато, а ќе се поставеа неколку километри водоводна и канализациона мрежа. Токму затоа ставката во буџетот на привремени вработувања е 100% реализирана. Градоначалникот Стефковски безмилосно троши народни пари за својте сопартици.

Advertisements

Мои сограѓани, таква е реалната слика кога вмро дпмне ја практицира власта, а наместо капитални проекти, граѓаните плаќаат за вработувања.

Градоначалникот Стефковски едно ветуваше кога ја бараше довербата од граѓаните а сосема друго прави од позиција кога е седнат во фотелја“, вели Димитријевиќ.