(ВИДЕО) До кое дереџе дојде Пендаровски, очај и мизерија на митингот во Куманово – реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Денес на митингот на Стево Пендаровски во Куманово беа изнесени сексистички навреди кон кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановкса Давкова. Овие изјави во официјален дел од митингот и пред целокупната јавност ги искажа активист на Пендаровски и тоа во негово присуство и да биде уште пожалосно во присуство на портпаролката на СДС Богданка Кузеска,реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Најстрашното од се е после искажаните навреди кои се однесуваа на возраста и полот на кандидатката, никој на тоа не реагираше, ниту проба да го спречи активистот, ниту се огради, ниту се извини. Напротив тие дури и му се заблагодарија за неговиот настап.

Ова е бедно и жалосно, на кое дереџе дојде Пендаровски.

Advertisements

Да се навредуваат неговите против кандидати, а тој на тоа само да се смее и да се заблагодарува. Очигледно очајот и нервозата на СДС и Пендаровски се толку големи што веќе не бираат средства како да се пресметаат со Силјановска Давкова. Немаат аргументи, бегаат од дебати, бегаат од дуели и сега почнаа криејќи се од нивните активисти да блујат омраза, навреди и лаги.

Народот сето ова го гледа и сето ова ќе го казни. А повикуваме и надлежните институциите да реагираат,затоа што и од Стево да е премногу е“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.