Европа ќе ја донесеме овде, во Македонија. Ќе продолжиме неуморно да се развиваме дома затоа што имаме јасна и остварлива програма за тоа да го постигнеме. Мора сите да сме свесни дека патот до европската интеграција не е лесен и бара многу промени, знаење, посветеност, искуство и искрена намера за тоа да се случи, вели Фатмир Битиќи, вели кoносителот на листата на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и „Коалицијата за европска иднина“, Фатмир Битиќи.
Тој денеска на прес конференција истакна дека политичката понуда е јасна – само нивната коалиција вистински и посветено работи.
Тој додава дека во изминатите години се видело дека во опозицијата се собрани кочничарите на напредокот.
„Немаат план како да продолжи државата напред, но нема да дозволиме повторно да ја втурнат Македонија во темнина“, додаде Битиќи.