Градоначалникот Митко Јанчев на социјалните мрежи објави дека е згрижен коњ кој бил повреден од несовесен возач и оставен на патот близу Плетвар.
Помош за спасување на повредененото животно побарале од Здружението за заштита на животните „Шепи 2021“ пред околу 22 часа и за среќа овој апел стасал до хумани луѓе и до градоначалникот Јанчев кои помогнаа коњот да биде пренесен во Прилеп.
Граѓаните кои имаат само пофални зборови за овој хуман гест на градоначалникот Јанчев , службите и ветеринарите кои учествувале во оваа хумана акција кои веднаш штом го добиле апелот понудиле помош иако, како што велат местото каде што се наоѓал повредениот коњ било поблиску до Прилеп, наместо до Кавадарци, апелираат на одговорност на сопствениците кои треба посовесно да се грижат за домашните животни.
Но, еве што вели градоначалникот Митко Јанчев за оваа спасувачка мисија:
„По апелот за помош од Здружението Paws-2021 / Шепи-2021 згрижен е коњот кој во близина на Плетвар беше удрен од несовесен возач и оставен на патот. Беше потполно мирен, се тресеше од шокот и од светлата на автомобилите што минуваа. Но, сепак ова исплашено и рането животно како да знаеше дека спасителите се тука и ќе му помогнат. Благодарение на градоначалникот Митко Јанчев и служби од Општина Кавадарци, од Ј.П. Паркинг Кавадарци , и пожарникари од Teritorijalna Protiv Pozarna Edinica-Kavadarci , тој беше безбедно пренесен и превземен од страна на С.О.У Орде Чопела во Прилеп. Благодарност до директорката Тереза Златеска и професор доктор Zlatko Dimeski , како и до доктор Благица Трајаноска од ветеринарната клиника PetLand Prilep за несебичната помош“, вели градоначалникот Јанчев.
Фото: Фејсбук