(ВИДЕО) Градоначалникот Пецаков повика да прекине лудилото на влезот на Охрид – „7 години не мрдна автопатот, сега најдовте да го затворите“

Седум години не мрдна „автопатот“, сега на почеток на туристичка сезона го затварате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, кој нема капацитет да прими толку голема бројка на возила, реагира градоначалникот Кирил Пецаков, откако беше објавено дека поради реконструкција на автопатот, влезот во Охрид ќе биде затворен во наредните 45 дена и во градот ќе се влегува преку стариот пат.

„Поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на патниот правец Подмоље-Охрид на магистралниот пат А3, од вчера е пренасочен преку регионалниот пат Р-1208“, информира АМСМ.

На местото е поставена соодветна сигнализација.

Advertisements

Градоначалникот Пецаков ги повика одговорните да биде отворен патот, а по завршување на летната сезона да почнат градежните активности.

Во продолжение реакцијата на градоначалникот на Охрид:

„Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла. Ниту идеја, ниту желба уште помалце реализација…

7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен..

Заради тоа што не сакавте да не испочитувате и не ви беше битно тоа што општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период, негативно мислење од Општина Охрид, негативно мислење од СВР Охрид и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да одпочнат со градежните активности…

Без разлика шо не почитувате локална самоуправа, во неколку наврати го докажавте тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечите одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да покажите чувство и ова лудило веднаш и одма да прекине да важи!“, бара Пецаков.