(ВИДЕО) Химната ќе се интонира секој понеделник во училиштата во Аеродром

Наставата во основните училиштa во Аеродром секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, објави на својата фејсбук страница градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, вели Муцунски кој објави и видео од денешното интонирање на химната.