(ВИДЕО) Испраќале лекар во пензија со голема веселба среде поликлиника – ќе има казни и за дежурниот и за директорот

Директорот на скопскиот здравствен дом Вулнет Селими информира дека ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на поликлиниката Драчево и против дежурниот лекар, откако на социјалните мрежи беше објавено дека во оваа здравствена установа имало веселба по повод пензионирање на еден од лекарите.

„По објавувањето на видео снимка од внатрешноста на поликлиниката Драчево, на која се слушаа песни со исклучително висок глас, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку моменти ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток, оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен на Клиниката, што и според него е над нормалното.

За овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на клиниката и против дежурниот лекар одговорен на денот кога се случила оваа сцена. Ваквите сцени не можат да се толерираат во амбиенти каде што луѓето одат да ја добиваат потребната медицинска помош“, вели Селими.
ТВ Клан Македонија објави видео од поликлиниката во Драчево за време на прославата.