(ВИДЕО) Каде им отиде хуманоста – тешко подвижен пациент болничарите го оставиле на клупа пред зграда

Четириесетгодишен скопјанец, тешко подвижен, лице со посебни потреби од Скопје по медицинска интервенција бил оставен на клупа пред зграда, јави вечерва ТВ Телма.

Оваа потресна информација ја доставиле скопјани до ТВ Телма со видео на кое се гледа дека лицето со посебни потреби седи на клупа на улица Јуриј Гагарин, откако, како што вели телевизијата, имало неуспешен обид тој да се однесе во својот дом.

Advertisements

„Пациентот претходно имал лекарска интервенција, а кога го вратиле назад, болничарите и соседите не успеале да го вратат дома и го оставиле на клупата. Граѓаните велат дека морале да повикаат и полиција, од каде на Брзата помош и наложиле да дојде со носилка и да го решат случајот“, јави Телма.