(ВИДЕО) „Како пратеник можам да помогнам на многу повеќе пациенти“ – д-р Филипче одговара зошто се враќа во политиката

Јас секогаш ќе работам со пациенти и ќе оперирам во операциона сала. Тоа не престанав да го правам како министер и нема да престанам да го правам ниту пак како пратеник, вели д-р Венко Филипче во видео објавено на неговата Фејсбук страница, во кое објаснува зошто се враќа во политиката и како ќе придонесе како пратеник.

Д-р Филипче е носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборната единица 4.

„Предноста е што како пратеник, ќе можам да помогнам на многу поголем број на пациенти и мои колеги здравствени работници. Човек со две раце и само 24 часа во денот може да помогне на само одреден број на луѓе, а како пратеник преку креирање на закони, реформи и унапредување на здравствениот систем може да се помогне на многу поголем број на пациенти, а мојата основна цел ќе добие национални димензии. Јас секогаш со истата жар ќе работам со пациентите и во операциона сала“, вели Филипче, докторот кој целиот свој живот и кариера ги има посветено на здравството.

Advertisements