(ВИДЕО) Кога државниот кабинет ќе ти стане кафеана – Груби му честита роденден на Ахмети

Не престануваат реакциите откако во јавноста се појави видео кое на Фејсбук го сподели вицепремиерот Артан Груби како роденденска честитка до неговиот лидер Али Ахмети. Видеото е снимено во државниот кабинет кој го користи Груби како своја кафеана.

Груби за Тв 24 објасни дека видеото не било снимено по повод роденденската прослава на Ахмети.

Тој тврди дека видеото настанало на 22 ноември минатата година на Денот на албанската азбука кога била промовирана песна и спот на авторот на песната што ја пее Ахмети, Илир Шакири.

Advertisements

Груби по повод роденденот на својот лидер објави и видео со Ахмети, односно од периодот на неговите студенски денови, потоа како командант на УЧК во Македонија, па се до пратеник и главен коалициски партнер од 2001 година наваму.

„Ретки се луѓето кои ја следат историјата и кои ја пишуваат историјата градејќи ја иднината. Го поздравуваме последниот преродбеник, на чело на нацијата, секогаш на вистинскиот пат! Али Ахмети со сè што е свето за албанството, на неговиот грб, денеска полни 65 години“, напиша Груби.