(ВИДЕО) Македонските војници спасија петгодишно дете во Турција – малиот Сулејман излезе од урнатините по цели 10 часа

Армијата помогна во успешната акција за извлекување на 5 годишно дете од урнатините во Кахраманмараш, Турција објави на својот фејсбук профил АРМ.

„Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираа во успешно спроведена акција на спасување на млад човечки живот од рушевините. По шестчасовно расчистување на рушевините и дополнителни четири часа успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман“, се вели во информацијата.

Во Турција Македонија испрати 22 припадници на Баталјонот за специјални сили, во чиј тим се и две кучиња обучени за трагање, како и двајца водачи. Владата вчера донесе одлука да се испратат уште 36 припадници на АРМ кои ќе учествуваат во хуманитарната операција во Турција по катастрофалниот земјотрес.

Advertisements

Како помош за санирање на последиците од земјотресот ќе бидат испратени и 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.