(ВИДЕО) Милошоски: Техничка влада предводена од Талат Џафери ќе прави изборни манипулации, не треба да се остават сами

Партиските тела се уште не одлучувале на оваа тема, веројатно во следните неколку дена би требало да се заседава и да се расправа за кои се аргументите, кои се за и кои се против“, одговори Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на централниот дневник на МРТ на прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во техничката влада.

„Инаку според законот за техничка влада која што би имала мандат само да спроведува избори, опозицијата би требало да номинира министер за внатрешни работи, министер за труд и социјална политика, и тројца заменици во министерството за финансии, во министерството за информатичко општество и администрација, и во министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство“, рече Милошоски.

Тој додаде дека техничка влада со човек како Талат Џафери Македонија ќе се движи кон лоши избори и изборни манипулации ако ги оставиш сами.

Advertisements

„Јас ќе го кажам моето лично мислење бидејќи Владата според договорот на ДУИ – СДС ќе ја предводи Талат Џафери во овој технички предизборен период, сметам дека тој е човек, политичар кој што многу пати во Собранието го погази собранискиот Деловник. Тој многупати закони што немаа врска со ЕУ ги ставаше со европско знаменце само за да угоди на некои интереси на некои бизнис групи во ДУИ или во СДС. И со таков човек којшто ќе ја предводи Владата доколку ги оставите сами мислам дека Македонија ќе се движи кон лоши избори и изборни манипулации“, заклучи тој.

Тој посочи дека според него опозицијата треба да номинира министри и заменици министри во техничката влада се со цел да падне побрзо владата на СДС и ДУИ.

„Затоа сметам дека би било поодговорно опозицијата да номинира министри и заменици министри во техничката влада за изборите, не со цел да ја легитимира владата туку со цел побрзо да падне владата на ДУИ и СДС“, појасни Милошоски.