Ниту Мицкоски, ниту свети Мицко нема да го сопре градењето на овој проект, порача вицепремиерот Артан Груби, денеска облечен во нова маица со натпис „10Д“ на поставувањето на камен-темелник на проектот Коридор 10-д, делница што од Прилеп до Битола ќе ја гради компанијата „Бехтел и Енка“.
Тој облечен во нова маица со натпис „10Д“ рече дека она што се случува во Собранието мора да сопре, и дека на блокадите ќе им дојде крајот. .
„Следната влада, а таа ќе биде истата како оваа, ќе продолжи да го гради овој проект. Им порачувам на граѓаните да се качат на возот за Брисел, кој никој нема да може да го сопре“, рече Груби.
Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел кој нема никој да го сопре, вели Груби.
„Фактот дека сите министри и апсолутното мнозинство на пратениците стојат зад овој проект, е најголема гаранција за сите граѓани дека ниту Мицкоски, ниту Свети Мицко ќе може да го запре овој прект. Овој проект продолжува, а следната ќе биде истата како денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите. Тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница, е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Северна Македонија. Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство, од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и ќе се демонстрира дека е дојден крај“, рече Груби.