(ВИДЕО) Ова е најтажната честитка за 8 Март – нема правда, нема мир

Работнички во текстилна фирма кои крваво си ги заработуваат платите, наместо правда добија честитка пред 8 Март, од Основниот суд во Кавадарци, каде тие протестираа затоа што се обесправени од судската власт.

Фирмата од Кавадарци во која тие работеле три години одбива да им исплати три заработени плати на околу 70 работнички кои решиле правдата да ја бараат на суд. Судот донел пресуда во корист на газдите.

Овие работнички сега треба да платат 20.000 евра за судски трошоци.

Advertisements

Текстилната фирма „СО-НИ“ Дооел Кавадарци, според изјавите на работничките им должи три плати, придонеси и други парични побарувања од работен однос. Судот го одбил нивното тужбено побарување затоа што наводно немало докази за да донесе пресуда во нивна корист.

„Работничките сега треба да платат штета затоа што не земале плати. Очигледно правниот систем не ги заштитува, реагираат од „Гласен текстилец од каде што велат дека фирмата „СО-НИ“ сега повторно работи со истите управители, затоа ги повика УЈП, МВР и Финансиската полиција да го истражат нивното работење.

ТВ 24 објави видео од протестот на обесправните работнички, погледнете каква неправда им е сторена.