(ВИДЕО) Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа во судница – граѓаните бараат ослободителна пресуда за д-р Вучевски

Време е веќе да се донесе ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски. Да не доаѓа во овие судници, нему местото му е да биде со пациентите, порачаа граѓаните кои денеска дојдоа пред судот за да му изразат поддршка на д-р Вучевски, кој е обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Макфас јави дека лекарот со аплауз би пречекан од пациенти пред судот, каде што се даваа завршни зборови.

„ За жал, во нашата држава, најдобрите и најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјата и ќе нема кој да нè лекува. Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа овде во судниците, затоа што нема никаква вина. Тој колку може – помагал и сè уште им помага на пациентите. Ова е нанесена неправда, тој треба да се награди, а не овде да си го губи времето. Него го чекаат пациенти на кои им дава што е можно најголема помош“, порачаа пациентите.

Advertisements

ВИДЕО: Макфакс