Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ реагира поради психопатско малтретирање мачка, од како што велат извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје.
До Здружението било испратено и видео каде се гледа овој суров и монструозен чин.
„Ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи според сведоштвата истиот ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума. Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар“, велат од Здружението.
Како што посочуваат, млади лица кои покажуваат ваква ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни, подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе.
„Бараме од надлежните институции да преземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина. Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување“, велат од Анима Мунди.