(ВИДЕО) Плативме висока цена за НАТО, Македонија нема да прифаќа нови понижувања! – Мицкоски во Минхен

На Минхенската безбедносна конференција зборував за предизвиците со кои се соочува НАТО, за двојните стандарди во политиката и за енергетските можности на Македонија. Нашата држава го промени своето име за да стане членка на НАТО, а сега повторно се соочуваме со барања за нови отстапки за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Ова ли се европските вредности?, вели македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

На настан организиран од Форин полиси, Мицкоски зборуваше за  улогата на Македонија во светот и за македонскиот евроинтегративен пат.

„Ги слушнав гласините за мешање во внатрешните работи, но кога го менувавме знамето, валутата и уставното име, зошто тогаш никој не реагираше? Денес сме сведоци на „балканизација на Европа“, наместо „европеизација на Балканот“. Ако сите остро осудуваат негирање на украинскиот идентитет, зошто молчат кога се негира македонскиот јазик и идентитет?

Во однос на енергетиката, Македонија има стратешка улога преку Коридорите 8 и 10, кои се клучни за економијата и НАТО. Со правилен развој, можеме да ја претвориме нашата географска положба во огромна предност. Но, иднината на Македонија во ЕУ мора да биде праведна и извесна, без нови понижувања!“, вели Мицкоски.

Advertisements

Македонија заслужува праведен и извесен пат кон ЕУ!, порача македонскиот премиер во Минхен.

„Нашата држава плати висока цена за членството во НАТО, но и денес се соочуваме со двојни стандарди. Ако се бориме за принципи, зошто молк кога се негира македонскиот идентитет и јазик? Македонија нема да прифаќа нови понижувања, нашата иднина е во ЕУ, но со почит и достоинство!“, истакна Мицкоски.