Skip to content

(ВИДЕО) Пред 80 години бугарскиот фашистички окупатор стрела 12 младинци од селото Ваташа

Беа присутни голем број гости, како и семејствата на 12-те ваташки младинци.

Настанот беше затворен со маестрална изведба на ,,Ми заплакало селото Ваташа’’ и ,,Цветови’’ од Славко Јаневски од страна на Игор Џамбазов, Андријана Јаневска и Катерина Танева.

„Сите оние кои ја ценат слободата на својот народ знаат што направиле младинците од Ваташа, но и многу други кои ги дадоа своите животи за Ваташа, Кавадарци, Тиквешијата, Македонија. Затоа што нема ништо посвето од слободата на својата татковина. Нека им е вечна славата. Никогаш да не се повтори! Да не се заборави!“, порача градоначалникот Митко Јанчев.

© Глaголица, glagolica.mk, 2024, Услови за користење