ВИДЕО ШТО ГИ ВОЗНЕМИРИ ГРАЃАНИТЕ Девојче пишти и бега од глутница кучиња

На социјалните мрежи се споделува видео со вознемирувачка содржина, на кое се гледа како девојче е нападнато од глутница кучиња во една тетовска населба во близина на Универзитетот во Тетово.

За среќа во тој момент наидува граѓанин кој ги избрка кучињата.

„Се надевам дека ова видео ќе ви ги отвори очите и ќе преземете мерки за оваа жална состојба насекаде низ нашето Тетово“, пишува во објавата, жител на Тетово.

Advertisements