(ВИДЕО) „Син ми почнаа да го викаат мали Таче“ – Ковачевски раскажа како го добил прекарот

Син ми доаѓа и ми вели „абе тато излегувам од школо, оној докторот, што ти е на тебе пријател, ми вика кај си бе мали Таче“, и вели што е тоа? Епа велам тоа ти е, сега ќе бидеш мали Таче и после некое време ќе станеш Таче, и кога ќе добиеш син, тој ќе биде мали Таче. Ова го раскажа Димитар Ковачевски, поранешниот премиер и лидер на СДСМ.

Тој во поткаст на ТВ Сител објасни како го добил прекарот Таче – го наследил од неговиот дедо.

„Мојот дедо е Димитар, кој што го викале Таки, и потоа зашто бил прилично мал по раст станал Таче нагалено. Тоа е семеен прекар, рече Ковачевски.

Advertisements