(ВИДЕО) Слушнете што раскажа македонскиот гениј Македон за Македонија во светот

Македонскиот генијалец Македон, кој неодамна ѝ донесе радост на Македонија, откако освои награда на натпревар по математика во силна конкуренција од над 4.000 натпреварувачи од дури 23 земји познато е дека, освен што решава сложени математички задачи зборува неколку јазици како германски, арапски, кинески и англиски.

Македон Димитровски од Тетово и лани освои медал на светско ниво на натпревар по математика и тоа златен медал, исто така во силна конкуренција.

Advertisements

Македон има коефициент на интелигенција 134, а за неговите напредни способности објавија и светски медиуми. Освен досегашните три златни медали на светскиот натпревар „Математика без граници“ го интересира и ја изучува науката за ѕвездите, за еден час ги има научено кинеските броеви до милион.

Да слушнеме што ни порача Македон нам и на светот во видеото.