Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ упати видео порака на поддршка до Мило Ѓукановиќ непосредно пред неделните претседателски избори во Црна Гора, а која во титлуваниот превод од македонски, црногорскиот преведувач го смени името на СДСМ во Социјалдемократскиот сојуз на Северна Македонија.
На утрешните избори за претседател на Црна Гора, ќе учествуваат седум кандидати.
Кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, лидерот на Обединета Црна Гора (УЦГ) Горан Даниловиќ, пратеничата на Социјалдемократската партија Драгиња Вуксановиќ Станковиќ (СДП) и инфлуенсерот Јован Радуловиќ ќе учествуваат на изборите.