Битола е на највисоко ниво на агендата што ќе ја предводи владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период. Битола ќе добие економски развој, Битола ќе добие нова инфраструктурна мрежа. За Битола се предвидени голем број на инвестиции, најави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
„Денеска бевме во посета на стопанствениците во Битола од кои што слушнавме и со кои што разговаравме за проблемите со кои што се соочуваат.
Ние како луѓе кои што ќе работиме во идната влада која што ќе ја предводи Македонија сакаме да им изразиме гаранција дека ќе приоѓаме кон секој нивни проблем, ќе работиме за решавање на секој нивен проблем.
Исто така заедно со градоначалникот укажавме на компаниите и на стопанствениците дека и локалната самоуправа стои на располагање на битолското стопанство.
Укажуваме дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 150 милиони евра во стопанството.
Почитувани ова е начин да се помогне стопанството, да се помогне да не се иселуваат луѓето, да го подобриме квалитетот на живот, и да имаме подобар живот и во Битола и во цел наш регион“, вели Сајкоски.