Кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова преку видео на социјалните мрежи се заблагодари за поддршката која граѓаните и ја дадоа денеска со потпишување за нејзината кандидатура при што само за неколку часа беа собрани над 15.000 гласови.
„Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени. Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата. Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам!“, рече Силјановска Давкова во своето видео обраќање.