Видов кога Димитар Ковачевски многу силно реагираше на Аљбин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои за и нас да нè направат исти како Курти, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за РТС кој учествува на самитот на лидерите во регионот што се одржува деновиве во Атина.
Курти неодамна беше во посета на Тетово и на Чаир, за време на која беа игнорирани македонските државни симболи, а во иконографијата се појави и знаме на Голема Албанија. Курти присуствуваше и на свечено преименување на улицата Втора македонска бригада во Чаир во улица Адем Демачи.
Вучиќ додаде дека разговарал со Ковачевски и рекол дека „Македонците се наши браќа“.
„Затоа, вчера, во разговорот со Ковачевски му реков, ако кој било во Северна Македонија се чувствува навредено поради што било кажано, јас се извинувам затоа што Македонците се наши браќа и ние немаме никаков проблем со нив“, додаде тој
Според него, хрватскиот премиер одржал содржаен говор.
„Пленковиќ имаше сериозен, систематски и рационален пристап кон идните европски прашања. Наше е да го продолжиме тој пат, но да видиме што можеме да извлечеме од тоа за нашата земја“, рече Вучиќ.