Драган Ковачки, носител на листа во втората изборна единица од Берово порача дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да обезбеди 800 милиони евра директна помош за земјоделците.
„800 милиони евра за навремени и зголемени субвенции. 5.5 милиони евра директна помош за општина Берово. Покрај ова планираме инфраструктурно да го развиваме овој крај. Ќе го реставрираме патот Берово – Струмица, ќе направиме реконструкција на патот Берово – Виница со можност за проширување со трета лента. Исто така ќе реставрираме патот Берово – Пехчево – Делчево. На 8 мај да излеземе и да дадеме поддршка за број 2, за промени и реформи, за напредок на Македонија“, порача Ковачки.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...