Со пожар на фотоволтаичните панели на покривот од зградата на фабриката на познатиот детски бренд „Тила“ во Прилеп почнала огнената стихија. Оваа информација е објавена на фејсбук страницата на македонскиот бренд каде има и видео и фотографии од пожарот која ја пеплоса фабриката.
„Зошто не можеже да се спречи кога почна само на покривот, а се заврши со целосен пепел на вториот кат од зградата“, пишува во објавата.
Пожарот почнал во 13:20 часот на 21 април, а е изгаснат 35 минути по полноќ. Во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 противпожарни возила, соопшти ЦУК.
„За оние кои не знаат брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра почнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани 20 -ти години! Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многудишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд. Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок, објави компанијата веднаш по пожарот.