Високите гости од САД ќе дојдат во Македонија по Нова година, советникот Шоле имал ковид

Советникот на државниот секретар на САД, Дерек Шоле и специјалниот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, наместо оваа недела како што беше најавено од Стејт депратментот, ќе ја посетат Македонија по Нова година.

Попладнево, Шоле на Твитер објави дека причината за одложување на посетата е позитивен ковид-тест.

– Жалам за одложувањето на посетета на Балканот и на Брисел. Останувам посветен на решевањето на сите проблеми на Балканот – напиша Шоле.

Advertisements