Законите кои што планира владата на ДУИ поддржана од СДСМ да ги протне шверцерски повторно со злоупотреба на европско знаме во рамките на парламентот се практично закони коишто имаат за цел тие коишто и денеска се лојални граѓани и коишто денеска си ги исполнуваат обврските кон државата, дополнително да ги натовари со дополнителни давачки, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање за законот за персонален данок, законот за додадена вредност и закон за солидарност кои Владата ги испраќа во собраниска процедура.
„Не преставува борба со сивата економија и не преставува борба против оние кои што и денеска не се лојални и не ги плаќаат давачките кон буџетот, туку преставува дополнителен товар на оние што се лојални на Македонија и коишто и сега си ги исполнуваат своите обврски кон Македонија. Тоа уште еднашка покажува каква влада имаме. Влада којашто за едни е мајка, а за други маќеа. Тој кој што е лојален граѓанин прави грешка затоа што е лојален, а тој којшто не е лојален и којшто ја краде Македонија, практично прави добри работи. Ете така ги двои оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ граѓаните во Македонија“, потенцираше Мицкоски и додаде:
„И секогаш кога ќе ви кажат дека тие се проевропска влада, треба да знаете дека тие се обични криминалци и ништо повеќе, коишто на грбот на народот се богатат преку наместени тендери во четири очи. И потоа да не ве чуди зошто клановски се окупираат, центар на градови, главниот град, тука во Прилеп. Тоа е една група на кланови коишто се лојални на неколкумина во раководството на власта“.