Владо Мисајловски: 5.000 денари поголема пензија за сите пензионери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 2, Владо Мисајловски, вечерва имаше средба со Здружението на пензионери од Ѓорче Петров.

„5.000 ДЕНАРИ ПОГОЛЕМА ПЕНЗИЈА ЗА СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ УШТЕ ВО ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ! Пензионерите носат со нив години на искуство и мудрост кои се вредни за општеството. Тие имаат многу дадено за Македонија и за сите нас, затоа секогаш да ги почитуваме и помагаме“ – истакна тој.

Мисајловски порача: „Македонија повторно твоја! Промените во твои раце“.

Advertisements