Власта да не се инаети за изборите, а Бујар да не ја злоупотребува ОБСЕ – ова е порака од Касами Гаши и Меџити

Владината коалиција во врска со прашањето на изборите се однесува како разгалено дете и мислат дека ако топката е во нивни раце, може да условуваат.

Ова е ставот на претседателите на Алтернатива, Беса и Демократско движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити по средба во Старата Чаршија, пренесе Макфакс.

„Власта е делегитимирана. Колку побргу се отрезнат, толку подобро за државата. Секое понатамошно инаетење ќе создаде потенцијал за уставна криза, која на среден рок ќе предизвика многу штетни последици. ДУИ и СДСМ мора да сфатат дека не се повеќе во позиција да диктираат што ќе се случува“, порача Касами по средбата.

Advertisements

Тој додаде дека до нив како партии пристигнуваат и информации за злоупотреба на позицијата на Бујар Османи како претседавач со ОБСЕ.

„До нас стигнуваат информации дека Бујар Османи се обидува претседателствувањето со ОБСЕ да го злоупотреби за влијание за одлуката врз бројот на изборните набљудувачи на изборниот процес. Јасно порачуваме дека точно знаеме на што се подготвени за да се обидат да го заштитат нелегално стекнатото богатство“, истакна Касами.