„Власта го изигра законот, економските директори станаа советници“ – Левица за партиските војници во администрацијата

Во гостувањето на емисијата Клан дебата, генералниот секретар на Левица – Јована Мојсоска зборуваше за непотребното оптоварување на администрацијата со партиски кадри на заменик-директорски функции.

Таа, како што информира Левица, потсети дека партијата го поддржа укинувањето на економските директори на клиниките, за подоцна законот да биде изигран од власта и економските директори да станат советници.

„Имаше закон за укинување на економските директори на клиниките, којшто Левица го поддржа. За после да видиме како истите тие економски директори стануваат советници на директорите.“

Advertisements

Во продолжение Мојсоска констатираше дека намалувањето на администрацијата беше уште една предизборна лага на власта и наместо да ги укине заменик директорите, таа, на пример во Царина, од еден, воведе два заменик директори, за да има вакво столче, и за ВРЕДИ и за ЗНАМ.

„Министерот Мисајловски имаше изјава дека ќе се намали администрацијата и дека ќе се укинат заменик директорите во сите институции. Па ние гледавме во собрание, без тотално рационално објаснување се изгласа трет директор за царина на ЗНАМ.“

Во емисијата, генералниот секретар на Левица истакна дека слабостите искажани во извештајот на Европската комисија, се проблеми кои партијата многукратно ги артикулирала, и посочувала на негативните последици од истите.