Власта како и царот – носел закони, но за него не важеле – Туше Гошев за ТВ 24

Менувањето на законите на начин како што се направи со Кривичниот законик немаат цел за подобрување на законодавството, туку за задоволување на индивидуални интереси, вели поранешниот министер за правда, Туше Гошев во изјава за ТВ 24.

Според него измените без јавна расправа само за да се усогласат со европското законодавство, се тотално непотребни.

Подносителите на измените на јавноста не ѝ дадоа никакви образложенија која е целата што треба да се постигне со измените во Кривичниот законик, вели поранешниот министер.

Advertisements

„Секоја гарнитура на власт која во парламентот има мнозинство и може да донесува закони, практично се претвори во времето кога царот носел закони, но за него не важеле тие одредби. Во конкретниот случај, заради потребите, а не знам кои се потребите, дали за задоволување на специјалната превенција или генералната превенција во намалувањето на казните сметам дека на ваков начин измените на законите се инструмент само за остварување на дадени интереси“, вели Туше Гошев поранешен министер за правда.