Власта носи луѓе за да прават тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, нема да им успее порача Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска уште еднаш порача дека не може политичари кои немаат кредибилитет и легитимитет зад затворени врати да одлучуваат за судбината на граѓаните и за свој интерес да потпишуваат нешто што не го поддржуваат повеќе од 80 од граѓаните.

Ако некој од нас бара да го почитуваме, порача Мицкоски, мора да разбере дека тој треба и нас да не почитува. Доброседските односи подразбираат двонасочна улица, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„На состаноците изминатите месеци ние не читаме поезија. Тоа се состаноци на кои аргументирано ја браниме нашата позиција, односно позицијата на огромно мнозинство македонски народ и граѓани. ВМРО-ДПМНЕ нема друга опција, треба со факти и аргументи да се спротивстави на криминалните активности на Владата, која не може да испорача сè што презела, а со цел да останат на власт уште ден повеќе. Тие коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да ја притискаат да прави притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ, а преку нас и на огромното мнозинство граѓани. Можам да ги разочарам, такво нешто нема да успее. Тоа беше јасно уште на 18 август кога се гласаше дневниот ред и претходно кога на Уставната комисија се гласаше потребата за уставните измени. Уште тогаш беше јасно дека нема 2/3 мнозинство“, вели Мицкоски.

Advertisements

Наместо да зборуваме за реалните проблеми, за инфлацијата, за екстремно високите цени на прехранбените производи, за почетокот на учебната година без учебници, за проблемите на земјоделците, додаде Мицкоски, јавноста мора да биде сведок на тортурата од Владата преку своите гласила и коленичи пред светот и носи луѓе за да прават тортура врз ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан дали одново ќе седне на маса за да разговара за уставните измени и дали би прифатил нова лидерска средба, Мицкоски одговори дека една година се нуделе решенија, а сега веќе нема ништо на маса.

„Само лидерска средба за брзи парламентарни избори, без техничка влада“, додаде Мицкоски и ги покани сите што сакаат да разговараат да се изјаснат за ова прашање.