ВМРО-ДПМНЕ: Ако МВР го баралo возилото на убиениот Панче ќе дошле и до убијците, а животот на Вања ќе беше спасен

МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски, што ја отвора дилемата дали Вања можела да биде спасена, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргналo во потрага по возилото на убиениот Панче по што полицијата ширум државата преку редовни контроли можела да го лоцира за неколку часа? Доколку имала централна објава за возилото на тогаш исчезнатиот Панче многу мала е веројатноста дека истото слободно ќе се движело низ Скопје“, велат од партијата.

Истовремено, како што додаваат, Спасовски мора да каже зошто МВР не стапило во контакт со СВР Скопје, за преку системот Сејф Сити да се утврди дали истото е регистрирано на територија на Град Скопје, кога и каде.

Advertisements

„Системот ги имал сите мерки на располагање убиството на Панче да биде расчистено многу бргу, преку пронаоѓање на возилото кое му е одземено.Доколку МВР на Спасовски го пронашла возилото на убиениот Панче ќе дошла веднаш и до убијците, а животот на Вања ќе беше спасен.Спасовски е должен да одговори, зошто истрагата е водена бавно и со пропусти?“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.