ВМРО-ДПМНЕ: Амбасадорот во САД плаќа по 6.000 долари месечено за луксузна резиденција

„Нов скандал ја тресе македонската дипломатија, овој пат со амбасадорот во Вашингтон Зоран Попов, кој пред да биде именуван беше претседател на комисијата за надворешна политика на СДС. Очигледно и дипломатијата се претвори во листа на желби за удобства на грбот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат дека амбасадорот Попов си изнајмил резиденција, за чиј закуп плаќа 6.0000 долари месечно.

„Имено новоименуваниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Попов си изнајмил резиденција за преку 6.000$ месечно во ексклузивен дел на Вашингтон, Бетезда, иако во склоп на амбасадата има резиденција за амбасадор каде што живееја сите амбасадори до сега. Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000$ кои доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000$, а си земал стан од преку 6.000$. Со што ги заслужи овие луксузирања Зоран Попов? Што сработи во изминатиот период?“, се вели во соопштението на опозициската партија.

Advertisements

ВМРО-ДПМНЕ бара МНР да го испита случајот и да го повика на одговорност амбасадорот Попов.

„МНР треба да ја испита ваквата раскалашеност и да побара одговорност од Попов, бидејќи во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај недозволиво е некој непотребно да троши народни пари во Вашингтон“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.