Уште еднаш се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има неконзистентни политики кон многу прашања, па сега и кон проектот за изградба на паневропските коридори сменија став, ги продолжија проектите на СДСМ кои ги напаѓаа. Нашата политика е конзистентна, ние и тогаш велевме дека овој проект ќе ја вгради државата таму каде што ѝ е местото – ќе станеме крстосница на Балканот. ВМРО-ДПМНЕ тогаш велеше не, не треба да се реализира, криминален бил а денеска излегуваат и велат дека е историски, истакна пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата „24 Анализа“, на телевизија 24.
Бочварски потсети дека благодарение на владата на СДСМ Македонија денес, за прв пат во историјата, е поставена централно на два паневропски коридори.
Сега излегуваат и велат за прв пат се работи, што не точно, рече Бочварски, додавајќи дека таму каде што денеска беа преставниците на владата, во март годинава и претходно во зимските месеци имаше механизација и багери и се работеше.
Бочварски посочи дека проектот на патот Кичево-Охрид направен во 1993 година, а започнат од ВМРО-ДПМНЕ ги покажа сите свои слабости во проектирањето, а тој проблем се надминува со проектот на Бехтел и Енка, кои проектираат во реално време и одма реализираат.
Во 2017 година реализацијата на патот Кичево-Охрид беше 30%, ја предадовме власта со над 80% реализација. Во исклучително тешки услови се решени голем број проблеми, нагласи Бочварски и запраша, зошто на ВМРО-ДПМНЕ им требаат уште две години да го реализираат тој автопат, ако велат дека е толку едноставно.
Бочварски потсети дека, владата предводена од СДСМ, меѓудругото ги започна и ги предаде со над 90% реализација експресните патишта Градско-Дреново-Фариш, Ранковце-Крива Паланка, а ги почна и заврши патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани.
Од новата влада не е започнато ништо досега, а од друга страна единствените нивни активности на терен ги гледаме на проектите што ги работела претходната влада, истакна пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата „24 Анализа“, на телевизија 24.