ВМРО-ДПМНЕ: Груби е правно неписмен, не постои деловна тајна во законот, не му бега затвор

Груби е правно неписмен. Не постои во Законот за безбедност на класифицирани информации, термин „деловна тајна” и дека се издава безбедносен сертификат на лица за да имаат пристап во деловна тајна, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на заканите на координаторот за криминал Артан Груби дека објавувањето на договорот за коридорот 8 кривично ќе се одговара би го истакнале следново: Заканите се најдобра потврда дека владата на Ковачевски крие скандалозни работи и обврски за кои кривично ќе се одговара бидејќи создале финансиски обврски за државата и ја ставиле во подредена позиција. Договорот кој Артан го крие не е никаков класифициран податок. Груби би требало да знае дека странско правно лице (во случајов Бехтел и Енка) не може да бидат создавач на класифицирана информација. Ниту па има закон со кој истиот се прогласува за деловна тајна“, велат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ бара Груби да одговори на следниве прашања:

Advertisements

„Со каков степен на доверливост е означен договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка? Кој е создавачот на класифицираната информација – договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка? Добро е коалициските ортаци да се договорат, Груби кој вели дека договорот е класифициран, и Каевски кој вели дека не е. И треба да знаат дека затвор не им бега“, порача ВМРО-ДПМНЕ.