Очајот на власта на ДУИ и СДС е правопропорционален со лагите на Груби кои јавно ги измесува. Судејќи според последното интервју на Груби, очајот достигнал алармантно ниво. Конфузните и контрадикторните изјави на Груби се доказ дека е нервозен. Може да се прави паднат од Марс, но и врапците знаат дека стои позади секој поголем криминал или коруптивна зделка во Македонија и за тоа ќе има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на вицепремиерот Артан Груби на Канал 5.
„Груби сака намерно да заборави некои работи или истите да ги покрие со некои негови фикции. Во една од канцелариите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има една фотелја, за која легендата вели дека Груби направил дупка од седење во време на претходното раководство на партијата. Ако сака и ако е спремен може да го потсетиме на часовите поминати во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и фалбите за другарувањето со Груевски и Мијалков?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.