ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се блиску до 61 пратеник, во среда Мицкоски очекува убедлива двојна победа

Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа, Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска пред Соборниот храм во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изборите на 8 мај.

– На сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во парламентот, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски изрази благодарност до граѓаните кои гласаа за Силјановска Давкова во првиот круг и додаде дека се чувствува дека во среда ќе има масовност за глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.

Advertisements