ВМРО-ДПМНЕ и Владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање

ВМРО-ДПМНЕ и владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, тоа веќе е кажано, и е затворена тема за нас, велат од владејачката партија како реакција на прес конференција на СДСМ во која опозициската партијата обвини дека власта сака да им зададе нов удар на работниците и да ја зголеми старосната граница за пензија до 67 години.

„Тоа што не сфаќаме е како истите луѓе кои молчеа додека се ограбуваше државата, додека инфлацијата растеше вртоглаво, додека институциите ги распаѓаа или тие лично или нивните најблиски соработници, сега глумат душегрижници, дали мислат дека народот им верува?

Лицемерието и дволичноста на СДС се добро познати на граѓаните.

Advertisements

Во време на СДС имаше пад на економијата највисок во историјата, историски највисока инфлација, осиромашени граѓани, пад на индустриско производство најголем во историјата, додека земјите од регионот имаа раст од над 50% на БДП по глава на жител во период 2017 – 2023, Македонија имаше едвај 20тина%.

СДС ги ограби и девастираше институциите и државните претпријатија. А во исто време без грам двоумење го продаваа идентитетот.

Додека СДС на Заев ја ограбуваше и продаваше државата на големо, сегашното раководство на таа партија беше 3 и 4 ешалон на власт и силно аплаудираше на тоа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.